Ф1 тимот Форс Индија и официјално отиде под административно управување. Ова се случи откако нивниот пилот Серхио Перез поднесе тужба кон тимот со седиште во Силверстоун за долг од 3 милиони фунти.

– Преминувањето на тимот под стечај на никаков начин нема да влијае на неговото учество во Гран При на Унгарија, вели Отмар Шафнауер од тимот за време на прес-конференција на „Хунгароринг“.
Целта на административното управување е да се најдат нови сопственици / инвеститори без да влијаат врз работата на самиот тим.
Во последните недели како најсериозен кандидат да го купи тимот се појави таткото на пилотот на Вилијамс Ленс Строл – Лоренс. Ако Канаѓанецот го купи тимот, тогаш речиси сигурно неговиот син ќе го следи.
OhridNews











