Во пожарите кои со голема брзина се шират во Калифорнија починаа шест луѓе, а во некои делови е прогласена вонредна состојба, додека илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови пред огнената стихија, за чие подметнување е уапсена една личност.

Една баба и нејзините две правнучиња се најновите жртви во големиот шумски пожар во северна Калифорнија.

Најтешко погоден е градот Рединг, каде загинаа вкупно пет лица, граѓани и пожарникари. Трите члена на семејствтото Бледсоу, по кои се трагаше од четвртокот, беа пронајдени мртви, информираа спасувачките екипи.

Пожарот во областа Кар се прошири над над 300.000 квадратни метри и уништи 500 куќи и згради.

OhridNews

Макфакс