33 поднесени амандмани од Социјал демократскиот сојуз на Македонија, денеска беа позитивно прифатени од Министерот за финансии Зоран Ставрески. Покрај овие, позитивно се прифатени и шест амандмани на пратеникот Изет Беќири и пет од Демократската партија на Албанците.

Тој додаде дека во наредните дена ќе се најде решение со опозицијата, односно, ќе се отвори можнсот за забрзување на процедурата за донесување на Буџетот. „Координацијата е се уште во тек и поради тоа, не може да се коментира дали е прифатливо ова за опозицијата.“ – истакна Ставрески.
Инаку, работата на Комисијата за финансирање и буџет и Законодавано-правната комисија, е блокирана со денови поради политички несогласувања помеѓу власта и опозицијата.
OhridNews












