33 решенија за работа во државната администрација, вчера беа доделени на поранешните штитеници на домот за деца без родители, кои најпрво ќе бидат прифатени во Министерството за труд и социјална политика.

Според најавите, во оваа година ќе бидат објавени уште два огласи за вработување на кој шанса ќе имаат да се вработат останатите.
Инаку, за вработување оваа година се издвоени 9,5 милиони денари од државниот Буџет. Огласот беше објавен на 10-ти јануари оваа година, на кој аплицирале 84 лица со ваков статус.
OhridNews












