Дамјан Пејчиноски квартет синоќа на плажата Куба Либре приреди одличен џез концерт, кој беше вистинско уживање да се проследи. За оваа прилика составот кој го предводи одличниот гитарист Дамјан Пејчиноски беше засилен со вокалистот Џон Илија Апелгрин и гостинот од Бугарија Љубомир Тулумбаџиев на виолина. Пејчиноски и Тулумбаџиев изведоа неколку преработки на познати песни од богатиот фолклор на регионот.

Составот на Дамјан Пејчиноски ова лето редовно настапува на плажата „Куба Либре“, секоја недела од 13 часот. Извонредната музичка понуда на популарната охридска плажа ја надополнуваат кубанскиот бенд „Кубалканика“ кој настапува секоја среда вечер и латино забавите со темпераментни кубански танчерки.

OhridNews