Со свечена приредба што се одржа синоќа во Центарот за култура, основното училиште „Христо Узунов“ го одбележа патрониот празник.


На свеченоста за деценискиот развој и достигнувањата на училиштето говореше директорката Оливија Пирузева Јанева,која истакна дека во изминатите 34 години оваа образовна установа постојано се надградува и креира, гради и промовира генерации и генерации млади личности.


На приредбата беа доделени награди и признанија на успешните ученици, а свеченоста беше збогатена со настап на училишниот хор и поетско музички рецитал во изведба на членовите на рецитаторската секција, хорот и оркестарот при училиштето.


О.У „Христо Узунов“ го одбележа патрониот празник

фото: Емилио