На 2 август со почеток од 10 часот ќе се одржи 34-от Илиндески пливачки маратон на патеката „Горица – Охрид“ во должина од 2,5 километри.

Учество на „малиот маратон“ имаат пријавено триесетина пливачи од сите градови на Македонија, а ќе се натпреваруваат во две старосни категории (пливачи од 10 до 16 години и постари).

Стартот ќе биде од пред пристаништето на х. Парк во Горица, а целта на Градското пристаниште во Охрид.

На 33-то издание на Илинденскиот пливачки маратон триумфираа Стојаноски односно Умурзакова.

Мх.П.