ЛА Лејкерс на полувремето од натпреварот помеѓу Лејкерси и Далас
(101:81) го повлекоа дресот со бројот 34, кој во минатото го носеше
Шекил О’Нил.

„Тој е најблагодарниот примерок што сум го видел да ја играа оваа игра.
Она што го постигнавме заеднички е историја“,
рекол Коби Брајант во
претходно подготвеното видео.

О’Нил, уште еднаш ја покажал својата човечка големина и вечерта му ја
посветил на неодамна починатиот сопственик на ЛА Лејкерс, Џери Бас.

Популарниот Шек посебно му се заблагодарил на најпознатиот навивач на Лејкерси, актерот Џејк Николсон.

Шекил дресот на ЛА Лејкерс го носел во периодот од 1996 до 2004 година,
тимот во наведениот период освоил три титули во четири одиграни финалиња
во НБА лигата.

„Ова е остварување на сите сништа. Ова е благослов. Ова не успеав да го
направам сам. Имав голема помош од соиграчите, од одличната
организација, семејствата на Џери Бас и Фил Џексон“,
рекол Шек и
дополнил дека доколку биде избран во Куќата на славните, таму ќе замина
како член на ЛА Лејкерс.

Покрај дресот со бројот 34 на Шекил О’Нил, Лејкерси ги имаат
пензионирано и дресовите на Џери Вест (44), Вилт Чембрлен (13), Елџин
Бејлор (22), Карим Абдул-Џабар (33), Меџик Џонсон (32), Џејмс Ворти
(42), Гејл Гудрих (25) и Џамал Вилкс (52).

“Макфакс“