Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Тешка кражба“ и „Кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против лицето 35- годишен стружанец.
На 26-ти март оваа година, пријавениот со употреба на клешти го оштетил катанецот од две гаражи на улицата „Даница Вујивиќ“ во Струга од каде бесправно одзел еден кујнски бојлер, бакарен котел и повеќе други бакарни и месингани предмети. Истите ги продал на физичко лице од Струга за 2000 денари. Пријавениот, украл и повеќе алати и други предмети и од магацин за алати лоциран на улицата „Моша Пијаде“ во Струга.
Пријавениот е лице познат на службата против кого и досега, по слични основи биле поднесувани кривични пријави, за што бил и затворски осудуван.
OhridNews