Во петок, 18 август, во 21 часот во Велестово свечено ќе биде отворено јубилејното 35-то издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“.

На свеченото отворање ќе биде промовирана книгата „Самодиви“ (панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес) проследено со поетско читање.

Учесници: Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Лидија Димковска, Снежана Стојчевска, Делвина Крлуку, Љубица Шопова, Сузана Мицева, Павлина Атанасова и Марија Велинова.

Потоа следува интернационално поетско читање со учесниците Феликс Шилер (Германија), Албан Туфа (Албанија) и Шпетим Селмани (Косово).

Во 22:30 часот ќе биде отворена ликовна изложба на дела од сликарот Тони Попов во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово.

Програмата продолжува следниот ден, 19 август, во Конгресен центар на УКИМ во Охрид, каде во 17:00 часот ќе биде промовирана книгата „Ново раѓање на зборот – антологија на македонската млада поезија“, избрале и уредиле Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски. Промоцијата на книгата и поетското читање е во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

Поети учесници: Ивана Јовановска, Андреј Медиќ Лазаревски, Марија Велинова, Исток Ј. Улчар, Павлина Атанасова, Макрина Јорданова, Емануела Ковачевска Китановска, Јована Стаматовска.

Во 18:00 ч. следува Поезија – Залез: Интернационално поетско читање во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

Учесници: Феликс Шилер (Германија), Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово), Марија Костиќ (Србија), Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Снежана Стојчевска, Сузана Мицева, Љубица Шопова и Делвина Крлуку од Македонија.

Во недела, 20 август, од 11:00 до 13:00 часот во Гимназија „Св.Климент Охридски“ ќе се одржи Работилница за креативно пишување и дијалог преку преведување поезија, наменета за млади – OH READ #2 .

Учесници: Ученици од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ и други млади луѓе, млади поети, писатели и/или преведувачи.

Поети: Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово), Марија Костиќ (Србија) и Павлина Атанасова (Македонија). Сите други поети се добредојдени да се приклучат.

Во 18:00 ч. во кафе и бар Шила следи „Интернационално поетско читање (I)“ каде учество ќе земат Павлина Атанасова (Македонија), Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово) и Марија Костиќ (Србија)

Во 19:00 ч ќе се одржи „Дебата за важноста на литературните преводи“ со учесниците и публиката.

Интернационално поетско читање (II): Феликс Шилер (Германија), Перица Сарџоски (Македонија) и Андреј Медиќ Лазаревски (Македонија).

Самодиви: Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Снежана Стојчевска, Делвина Крлуку, Љубица Шопова, Сузана Мицева и Марија Велинова.

Постерот за годинешното јубилејно издание на Поетска ноќ во Велестово е посветен на враќањето на европскиот елен на падините на Галичица, а дизајнот е дело на Андреј Павлов.

Носители на манифестацијата се Здружението Поетска ноќ Велестово” и Комисија за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија при Општина Охрид.

OhridNews