16 пречекорувања на дозволената брзина на движење во населено место и 20 надминување на дозволената брзина надвор од населено место се регистирани во Охрид.

На 28.09.2021 година од 13 до 19 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни акциски контроли и притоа полициските службеници регистрирале 48 пречекорувања на дозволената брзина на движење во населено место во Охрид-16, Струга-22, Кичево-10 и 51 надминување на дозволената брзина надвор од населено место во Охрид-20, Струга-11, Кичево-02, Дебар-18. Кон возачите се поднесени прекршочни платни налози, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Целта на сообраќајните контроли е зголемување на сообраќајната безбедност. Апелираме до возачите на патнички и други моторни возила доследно да се придржуваат до поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сигнализација, додава Димоски.