Според податоците од СВР- Охрид, 37- годишниот А.С., роден 1975 година, од Србија, кој веќе подолго време живеел во Охрид си го одзел животот со бесење на дрво во месноста Чекоштина.

Случајот бил откриен од страна на случаен минувач околу 9 часот и 30 минути.

На лице место извршен е увид од страна на полицијата, јавен обвинител и истражен судија.

Врз телото не се откриени траги на насилство.

OhridNews