Деветнаесет пливачи, осум во женска и единаесет во машка конкуренција, ќе земат учество на 37. Охридски пливачки маратон што ќе се одржи денеска.

Покрај домашните пливачи, Евгенија Поп Ацев, Леонид Мишевски, Александар Илиевски и Росана Гошева на маратонот ќе учествуваат и пливачи од Франција, Холандија, Бразил, Хрватска, Аргентина, Данска, Турција и Косово. Оваа година маратонската трка е дел од престижната „LEN World Aquatics“.

Охридскиот пливачки маратон е главен спортски настан на второто издание на фестивалот на водени спортови Ohrid Water Festival. Организатор на маратонот е Општина Охрид со поддршка на Претседателот на Република Македонија, Министерството за спорт и Пливачката федерација на Македонија. Технички организатор на настанот е ПК „Охридски бранови 2008“ од Охрид.
OhridNews










