Од 21 јуни до 12 јули, спортскиот полигон во с. Мешеишта ќе ги собере на едно место мајсторите на бубамарата.

Еден од најстарите и најквалитетни турнири во мал фудбал “Петровден“ во нашиот регион годинава ќе го има своето 38 издание.

Ждрепката за распоредот на групите и натпреварите ќе се одржи вечерва  од 21 часот во Домот на културата кај полигонот.

Натпреварите ќе се играат во вечерните часови, под рефлекторско осветлување.