На полноќ истеше рокот за поднесување кандидатури за градоначалници и листи на советници за претстојните Локални избори што ќе се одржат на 19 октомври.
Како што информира Општинската изборна комисија, во Охрид поднесени се вкупно 4 кандидатски листи за градоначалник. Три од нив се на партии, а една од група избирачи.
Што се однесува до советот, поднесени се вкупно 11 листи за членови на советот на Град Охрид, 7 од партии и 4 независни листи.
Истите треба да ги потврди Државната изборна комисија, по што јавно ќе бидат објавени.
Г.М.