Советот на Општина Охрид денеска ќе ја одржи 4-та седница. На дневен ред се 88 точки, меѓу кои и Предлог-одлука за усвојување на студија за проценка на еколошкиот отисок на општина Охрид.
Советот денеска треба да ги разгледа и извештаите за работата на јавните претпријатија во периодот од 1.7-30.9.2025 година, како и извештаите за реализација на програмите предвидени за оваа година од страна на локалната самоуправа.
Пред советниците ќесе најде и предлог-одлуката за усвојување на извештајот за остварување на буџетот на Општина Охрид за периодот од 01.01. до 30.09.2025 година, како и нацрт програмите за 2026 година и одлуката за усвојување на нацрт буџетот на општина Охрид за 2026 година.
Г.М.












