Фудбалерите на Ливерпул трета сезона по ред мечевите во англискиот ФА куп ги завршуваат во четвртата рунда. Овој пат кобен за „црвените“ од Енфилд беше тимот на ВБА кој славеше со 3-2.

Ливерпул поведе со 1-0 во втората минута од мечот, но до крајот на првиот дел веќе имаше негатива 3-1. Во второто полувреме „црвените“ постигнаа еден погодок, но не најдоа начин за уште еден кој ќе им донесе нова шанса за пласман понатаму.

Резултати: Питерборо – Лестер 1-5, Хадерсфилд – Бирмингем 1-1, Хул – Нотингем 2-1, Мидлзброу – Брајтон 0-1, Милвол – Рождал 2-2, Милтон Кејс – Ковентри 0-1, Нотс Каунти – Свонси 1-1, Шефилд Јунајтед – Престон 1-0, Саутемптон – Ватфорд 1-0, Виган – Вест Хем 2-0, Њу Порт – Тотенхем 1-1, Ливерпул – ВБА 2-3.

OhridNews