Фотографии од автори од просторите на поранешна Југославија ќе можат да погледат сите вљубеници на добрата фотографија на изложбата „Блиски Средби” Охрид 2022.
Оваа изложба е резултат на соработката помеѓу Фото клуб Охрид и Фото клуб Лесковац. Ќе бидат поставени 40 фотографии од автори од просторите на поранешна Југославија, а се настанати за време на одржувањето на Самитот на фотографи од екс Југославија. Фотографиите се печатени на форекс и се со димензии 40 х 70 см, информираат организаторите.
Отворањето на изложбата е во четврток со почеток во 19 часот во галеријата при НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид.
OhridNews












