Вчера, од страна на Општата болница во струшката Полициска станица било пријавено  дека во село Подгорци, за време на одржување на турнир, од заскитан куршум, во пределот на грбот бил повредено 40- годишно лице од село Боровец.

На повредениот му е укажана лекарска помош и е пуштен на домашно лекување.

Од страна на увидна екипа е извршен увид на местото на настанот, а пронајдениот испукан проектил е предаден за вештачење.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

OhridNews