Во последните 24 часа се направени 1892 тестирања, а регистрирани се 489 нови случаи со Ковид-19, од кои 26 во Охрид и 15 во Струга.
Најмногу нови случаи има во Скопје-230, по што следат: Куманово-28, Штип-7, Прилеп-21, Тетово-18, Велес-11, Битола-13, Кавадарци-18, Гостивар-16, Гевгелија-14, Струмица-18, Крива Паланка-6, Радовиш-6, Крушево-4, Кочани-8, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-4, Валандово-5, Виница-3, Делчево-1, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-2, Ресен-4, Неготино-3.

Институтот за јавно здравје регистрира 748 оздравени пациенти, 40 од Охрид и 22 од Струга.
Во моментов во Охрид активни се 574 случаи, а во Струга 347.
OhridNews











