Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5-ти Јуни-Светскиот ден на животната средина ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“.

Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат во селата Велгошти, Лескоец, Косел и Долно и Горно Лакочереј. Акцијата ќе се реализира на 2-ри и 3-ти јуни, информираат од Општина Охрид.

Граѓаните од гореспоменатите населени места, додаваат од Општина Охрид, кои се заинтересирани за жардиниери со цвеќе истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид во погоре споменатите денови од 9 до 13 часот, а со себе треба да носат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.

OhridNews