Уште три општини од земјава кои ги исполнуваат соодветните законски услови, отсега ќе можат самостојно да управуваат со градежното неизградено земјиште кое е во сопственост на државата.
 
Преку оваа одлука, на вкупно 42 општини им се овозможува комплетирање на целата постапка, вклучувајќи купување и давање под закуп на градежното земјиште, односно добивање на градежни дозволи, на едно место.

Од Министерството за транспорт и врски, потенцираат дека  согласно Законот за градежно земјиште, општините кои ќе ги исполнат предвидените услови, во идниот период ќе можат да ги водат постапките за отуѓување на неизградено градежно земјиште.

„Условите предвидуваат општините да имаат развиено и усвоено годишна програма за управување со него,  да имаат минимален број на лиценцирани општински службеници, да имаат воспоставен систем за електронско наддавање, односно комисија за таа цел.“ – стои во сооптшението.

Инаку, трите општини кои се здобија со ова право, се Тетово, Богданци и Центар Жупа.

OhridNews