Членките на Лајонс клуб „ Деница“ во соработка со локалната самоуправа денес, во Холандскиот парк пред хотел „Гарден“  засадија 43 бели рози, во рамки на започнатиот проект на Лајонс дистрикт 132 за зачувување на животната средина и Ноември- месец на белите рози.

Засадивме 23 рози колку што брои членови клубот „ Деница“ и уште 20 бели рози од страна на локалната самоуправа. Еве еден наш мал придонес за почиста и поубава околина, воедно се надеваме дека ќе ја подигнеме свеста на граѓаните за зачувување на животната средина, рече д- р Јулијана Василевска, член на ЛК „Деница“.

Претседателката на клубот, Лила Вучетиќ изрази надеж дека во рамки на ноември- месецот на белите рози нивниот чекор ќе го следат и останатите граѓани.   

Доволно е секој да засади барем еден корен со што дополнително ќе се разубави градот со што Охрид ќе стане препознатлив и како град на белите рози,рече Вучетиќ.

Во текот на месец ноември ,  во паркот ќе бидат засадени бели рози и од страна на останатите Лајонс клубови во Охрид.

OhridNews