Советниците денес ќе ја одржат четириесет и четвртата седница на Совет. На дневен ред се 99 точки меѓу кои годишни извешаи од работата на образовните установи како и годишни програми за тековната образовна година, одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици, програми за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности.

Советниците ќе расправаат за усвојување на извештајот за остварување на буџетот на Општина Охрид за периодот од 01.01. до 30.06.2024 година, програма за измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2024-2026 година…
OhridNews











