Дебарско-кичевската епархија информира дека на 23-ти февруари, сабота, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“-Каменско, ао почеток во 8.45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св.свешт-мч. Харалампиј“.
На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
OhridNews












