На повеќе локации низ општина Охрид во тек се градежни зафати, каде увид денес изврши вд градоначалникот Константин Георгиески.
Георгиески ја посети спортска сала во кругот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ чија изградба е во тек, како и улицата „Егејска“ каде екипи на ЈП „Нискоградба“ вршат санација на дел од атмосферската канализација и поставување на сливници. Улицата по завршувањето на градежните зафати во целост ќе се асфалтира и ќе се изведат нови тротоари и велосипетска патека.
Нови тротоари се поставуваат и на дел од коловозот во Рача, а градежните зафати ги изведува ЈП „Градски Гробишта“.
OhridNews














