
Поради тоа, а по упатениот апел од нејзините родители, членовите на Интернационалната полициска асоцијација- регион Охрид, ќе ја покажат својата хуманост и солидарно и доброволно ќе помогнеме во обезбедувањето на неопходната сума потребна за нејзината трета по ред операција во Кина, велат од асоцијацијата.
Членовите на интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, својата хуманост ќе ја искажат со доброволно донирање на парични средства и со телефонско јавување од своите приватни мобилни телефони на посебните телефонски линии наменети за таа цел VIP 143 123 и TELEKOM 070 143 143. Помошта може да се уплати и на следнава сметка за донации:
Мила Димоска, ул. „Богомилска“ бр. 53, 6000 Охрид
Охридска Банка – АД Скопје – 530500021204351
матичен број: 2112016455202
IBANCODE: МК07530280005506949
SWIFT: OHRIDMK22
На овој начин искрено сакаме да го дадеме својот придонес во собирање на потребните парични средства за Мила и од срце и посакуваме успешна операција, добро здравје, да се врати меѓу своите другари, да има среќно детство и заедно со семејството да им се радува на убавините на животот, додаваат од охридската полициска асоцијација.
OhridNews











