Намалувањето на тарифите за извршување значително го намали бројот на вработени во Извршните канцеларии со што во прашање е доведена нивната ефикасност и работењето воопшто, алармира Комората на извршители.
Иако за ефектите од одредени законски решенија, како што е намалувањето на тарифата за социјално загрозените категории граѓани, е се уште рано да се говори, дел од нив негативно се одразуваат на работата на извршителите, а постои и колизија со законот за извршување. Укинувањето, пак, на Заклучокот за извршување од страна на Уставниот суд, како евтин инструмент за реализација на побарувањата и задава сериозен удар и на економијата, предупредува Комората.
Тарифата за извршување е многу намалена, што придонесе бројот на вработени во извршните канцеларрии да се намали за 200 и повеќе луѓе, а во последниот период ни заминуваат најдобрите вработени кии ние сме ги подготувале да бидат врвни експерти, бидејќи извршувањето е занает. Намален е и износот на наплатени средства за 50 милиони евра, што значи дека тие средства не се вратени кај доверителите, што претставува основ за проценка на тарифата која сметаме дека не е вечна и може да се промени, а да биде во интерес на сите, вклучително и на граѓаните кои се социјално загрозени. – истакна Зоран Димов, претседател на Комората за извршување на РСМ.

Затоа сметаме дека и владите ќе го препознаат тој интерес и со измена на законите ќе озвозможат лесно извршување во сите земји од ргионот, што позитивно ќе се одрази на зголемување на економската соработка. Апсолутно тоа позитивно ќе се одрази и на привлекување на странските инвестиции, затоа што гарантирањето на ефикасна наплата на побарувањата е услов тие да се реализираат, а тоа нема да се случи доколку инвестициите се несигурни. – изјави Александра Трешњев – Претседател на Комората на извршители на Република Србија.

Г.Момироски














