Во струшкото село Драслајца, денес, околу 4 часот, 25-годишно лице од Струга, управувајќи патничко возило „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, изгубило контрола, при што возилото излетало од патот и удрило во железна ограда, информираат од СВР Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците, 20-годишно лице од село Драслајца и 25-годишно од селото Мислешево, кои биле пренесени во болницата во Струга.

Во незгодата, со телесни повреди се здобиле и возачот, како и двајца сопатници од селото Мороишта.

Увид на местото извршила екипа од полициската станица Струга.

OhridNews