На граничните премини, денес, без поголеми чекања. Како што информираат од АМСМ, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Во текот на викендот на граничните премини се чекаше и по еден час.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.