Со три натпревари од фазата по групи, синоќа, започнаа возбудувањата на турнирот во мал фудбал „Драслајца 2019“.

Гледачите имаа можност да проследат вкупно 28 голови на трите натпревари. Најефикасен меч одиграа Такси Мече и Миксер кој заврши со триумф на „домаќините“ 7-5. АСП Пак со 7-1 славеше против Аква Блу а Дооел Ноче со 5-3 беше подобар од Искра Јуниор.

Денеска, на програмата има три мечеви кои започнуваат во 20 часот и 30 минути.

Резултати: 

АСП Пак – Аква Блу 7-1

Такси Мече – Миксер 7-5

Дооел Ноче – Искра Јуниор 5-3

Двојки:

20:30ч Плажа Лагуна – Искра

21:30ч Вел Кик – Еуро Стил

22:30ч Златара Ерол – Коска

OhridNews