На 05.09.2019 во 09.30 часот на Аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид бил приведен Т.С.(44) од Р.Турција и против него била поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, информира МВР.

Според пријавата, тој се обидел да излезе од земјава со турска службена патна исправа, за која било утврдено дека е фалсификувана. За настанот е известен јавен обвинител.

OhridNews