Во предвечерието на тридневниот изборен молк кој започнува вечерва на полноќ, кандидатите за пратеници во ИЕ 5 од ВМРО-ДПМНЕ имаа завршни обраќања кон јавноста.

Дојде денот за одлука во кој вашиот глас ја има моќта да ги промени работите. Има зошто да изберете обнова! – Затоа што ова е последна шанса за спас на нашата Македонија, оваа Македонија која ја создадоа нашите предци и ни го оставија аманетот да ја зачуваме.

Не сме сите исти! Во оваа земја постојат и вредни, чесни и честити луѓе! Се обврзувам на многу работа, чесност и честитост затоа што знам дека успехот подразбира многу труд, откажувања и упорност, а подготвена сум за најдобрите резултати преку силна посветеност на сериозноста на ситуацијата и вашите пораки.

Потребна ни е силна влада која ќе ја исправи Македонија и ќе ја отпочне обновата!
Токму затоа, ве повикувам масовно да излезете на избори, за заедно да си ја исправиме и обновиме земјата, затоа што сите ние заслужуваме подобра иднина во силна, почитувана, непокорлива и достоинствена држава. Горда држава со сопствено јас!

На 15 јули донесете одлука за себе, за својата земја и за идните генерации! Време е да ја загарантираме иднината која ја посакуваме за нашите деца. Од вас зависи! На 15 јули изберете го бројот 14 – за коренита обнова на Македонија во сите области и во корист на сите граѓани! – стои во обраќањето Лидија Петкоска, кандидат за пратеник во ИЕ 5 од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани граѓани,Дојде денот за одлука во кој вашиот глас ја има моќта да ги промени работите.Има зошто да изберете обнова! – Затоа што ова е последна шанса за спас на нашата Македонија, оваа Македонија која ја создадоа нашите предци и ни го оставија аманетот да ја зачуваме.Не сме сите исти! Во оваа земја постојат и вредни, чесни и честити луѓе!Се обврзувам на многу работа, чесност и честитост затоа што знам дека успехот подразбира многу труд, откажувања и упорност, а подготвена сум за најдобрите резултати преку силна посветеност на сериозноста на ситуацијата и вашите пораки.Потребна ни е силна влада која ќе ја исправи Македонија и ќе ја отпочне обновата! Токму затоа, ве повикувам масовно да излезете на избори, за заедно да си ја исправиме и обновиме земјата, затоа што сите ние заслужуваме подобра иднина во силна, почитувана, непокорлива и достоинствена држава. Горда држава со сопствено јас!На 15 јули донесете одлука за себе, за својата земја и за идните генерации! Време е да ја загарантираме иднината која ја посакуваме за нашите деца. Од вас зависи!На 15 јули изберете го бројот 14 за коренита обнова на Македонија во сите области и во корист на сите граѓани!

Posted by Лидија Петкоска – Кандидат за пратеник во ИЕ5 on Sunday, July 12, 2020

На граѓаните би им порачала да излезат и да нѐ поддржат на 15 јули бидејќи нивната поддршка ни е најпотребна во овие мигови, а притоа да ги почитуваат здравствените мерки затоа што за мене, како здравствен работник, најважно е здравјето на граѓаните.

Ние Македонците со ѕвезда на челото, срце како планина кое знае да си ги сака корените. За оваа родна грутка македонска треба сите заедно сплотени да се бориме да си ја сочуваме.

Поддршка за бр. 14 за листата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија! – истакна Д-р. Грација Бакраческа, кандидат за пратеник во ИЕ 5 од ВМРО-ДПМНЕ.

На 15 јули среда ве повикувам сите да излезете и да го дадете својот глас, притоа да направите разлика помеѓу СДСМ партијата којашто под превезот на празната флоскула за живот во Македонија јазично и идентитески ја обезличи Македонија, притоа ни нанесе голем национален срам и од друга страна партијата ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија којашто проектот Обнова на Македонија го презентира пред граѓаните и притоа видоа граѓаните дека тој проект содржи реални програми којшто се остварливи за еден четиригодишен мандат и се обврзуваме на тоа. Затоа на 15 јули ве повикувам да излезете и да го заокружите бројот 14, изјави Др. Кирил Пецаков во своето завршно обраќање.

Завршни обраќања на кандидатите за пратеници во ИЕ 5 од ВМРО-ДПМНЕ

OhridNews