Мирен граѓански протест против фемицидите, родово базираното и семејното насилство е најавен за сабота, 21 ноември, од 12 до 14 часот во Охрид. Собирот ќе почне на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“.
Во повикот објавен на инстаграм-профилот „Охрид не молчит“ се наведува дека протестот е поттикнат и од неодамнешниот случај на насилство во Охрид. Организаторите бараат навремена реакција од институциите и заштита на жртвите.
Бараме заштита, одговорност и конкретни промени. Не сакаме да чекаме да биде предоцна!, се наведува во повикот.
Поворката ќе се движи од плоштадот низ Охридската чаршија до СВР Охрид, а потоа по булеварот „Македонски просветители“ до Основниот суд Охрид, каде што ќе заврши протестот.
OhridNews












