Финансиската загуба на 49 здравствени домови, клиники и болници од земјава, се причините поради кои буџетот на Фондот за здравствено осигурување за 2013-та година е зголемен за 300 милиони денари.

Според директорот на ФЗОМ, Јован Грпковски, буџетите се зголемени само во оние установи каде состојбата била алармантна.

Здравствените установи кои во минатата година завршија со  големи долгови, беа опфатени со одлуката на Владата. Ние им утврдивме постојано финансирање независно од нивната реализација.“ – истакна Грпковски.

Како што потенцираат од Фонодот, зголемувањата се должат и на новините за лекување во странство, според кои од оваа година пацинетите ќе плаќаат само партиципација во висина од 200 евра.

OhridNews