Васил Гарванлиев на неговиот официјален јутуб канал ја објави неговата најнова песна и видеозапис за “ПриКазна„. Ова е негов втор проект оваа година по промоцијата на евровизиската песна YOU со која Васил требаше да настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам.

Спотот комплетно е снимен во Охрид од охриѓаните Борче Димоски – “Digital Box” и Ристе Филипов, како и креативниот директор Јелмаз Дервиши.

Верен на својот стил, естетика и скриени пораки, овој пат Васил можеме да го видиме со уште поуникатен уметнички израз низ кој ја раскажува неговата приказна преку “борбата„ во/со себе, а воедно и со се што во моментотов ни се случува – прашање со кое токму и започнува самата песна.

Автор на музиката е самиот пејач, текст на Тања Брковска додека аранжманот е на неговиот долгогодишен соработник и композитор Давор Јордановски.

Приказна е дел од новиот албум на Васил кој е во завршна подготовка и се очекува да биде објавен оваа есен.

OhridNews