Пред точно пет години, Хеликоптерот „МИ 17“ со кој 11-те мировници тргнаа во последниот нивни лет, се сруши  во Катланово.

По тој повод, денеска високи претставници на армијата, воздухопловната бригата и членовите на семејствата на загинатите, ќе  положат венци со цвеќе на спомен обележјата пред командата на ВИНГ во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, односно на местото на несреќата кај Катлановско Блаце.

Во хеликоптерската несреќеа, животот го загубија потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.

Инаку, македонските мировници се враќаа во земјава, по шестмесечната мисија во АЛТЕА, полетувајќи од базата Бутмир кај Сараево. Според државниот обвинител Љупчо Шврговски, единствената причина за падот на армиските хеликоптер е посочена необученоста на пилотите за управување во лоши временски услови.

OhridNews