Охридската туристичката агенција „ Глобус Травел“, денес, го одбележува својот мал јубилеј- 5 години постоење. Иако млада, но полна со идеи и развојни програми, денес може да се каже дека „ Глобус Травел“ е една од водечките агенции во охридско-струшкиот регион.
– Почнавме пред 5 години преку проектот за самовработување на владата на РМ и УНДП. Од почеток скромно со 2 вработени и Б лиценца, но поради зголемениот обем на работа за само 2 години се надградивме на А лиценца и тим од 5 вработени. Денеска „ Глобус Травел“ е место каде што секој може да го оствари својот сон, да отпатува на некое егзотично место, да посети некој град од светските метрополи, место каде може да се закаже патување за меден месец, да организира некој настан, конференција, семинар, вели Елена Лотеска- Наумовска, генерален менаџер и сопственик на агенцијата.
Уште од самиот почеток на работење агенцијата „ Глобус Травел“ е насочена кон презентација на нашата држава, особено на Охрид . Успеа да „намами“ неколку илјади туристи кои ги користеа услугите од агенцијата за да ја посетат Македонија и да се запознаат со знаменитостите, обичаите, културата, традицијата. Бројката на задоволни клиенти и туристички агенции – соработници од земјава и странство постојано расте.
– Она на што сме особено горди е целосната организација на 16-от конгрес на клириншки куќи – КИБС, кој под покровителство на гувернерот на народна банка на РМ, се одржуваше во Инекс Горица – Охрид и успеа на едно место да обедини 120 гувернери на народни банки, претседатели на управни одбори на банки, клириншки куќи, претставници од МАСТЕР и ВИСА картичките, нагласува Лотеска- Наумовска.
Од агенцијата упатуваат искрена благодарност до сите клиенти за нивната несебична доверба и потенцираат дека грижата кон клиентите е и секогаш ќе биде на прво место.
OhridNews