Во организација на Институтот за правно-економски истражувања и едукација, од 9 до 12-ти мај, во Конгресниот центар во Охрид ќе се одржи 5-та Меѓународна научна конференција Охридска школа на правото 2019.

Тема на овогодинешната конференција е „Злоупотреба на правото и ненормалното право наспроти владеењето на правото“, посветена на животот и делото на проф. д-р Слободан Перовиќ-основоположник на Копаоничката школа на природното право.

Отворањето на конференцијата ќе биде на 10-ти мај, на кое меѓу другите ќе се обратат проф. д-р Ангел Ристов, претседател на Институтот Иуридица Прима, проф. д-р Светомир Шкариќ, Амбасадорот на Република Србија во Република Северна Македонија, Душанка Дивјак-Томиќ.