Македонска православна црква Охридска архиепископија Дебарско–кичевската епархија Охрид, ги известува своите православни верници дека на 17-ти септември, недела, по повод свечената прослава „50 години автокефалност на МПЦ–ОА и 50 години од формирањето на Дебарско– кичевската епархија“ во манастирот „св.вмч. Георги – Кнежино, Кичево ќе се служи Света архиерејска литургија и осветување на новиот конак, со почеток во 09:00 часот.
На Светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан заедно со Архиереите на МПЦ-ОА.