Фото сојузот на Македонија- ФСМ, годинава по 50-ти јубилеен пат ја организира манифестацијата Денови на Македонската Фотографија (ДМФ) 2012.

Денови на македонската фотографија го претставуваат пресекот на македонското фотографско творештво во тековната година  и е најстара фотографска манифестација во државава.

Во пропратните настани, покрај фото-работилницата, ФСМ ќе организира и изложба на фотографии на доајенот на македонската фотографија Благоја Дрнков.

Јубилејното издание на Деновите на македонската фотографија ќе се одржи во Кочани на 16-ти јуни, а можност за учество имаат сите искрени љубители на фотографијата, кои своите дела треба да ги испратат до организаторот на манифестацијата.

OhridNews