Со целодневен престој во историското село Црвена Вода, родното место на Ванчо Николески, заврши третиот Балкански поетски камп за деца и млади, посветен на името и делото на родоначалникот на македонското литературно творештво за деца.

 

Претходно, учесниците беа примени во локалната самоуправа на руралната општина Дебрца, каде им беа презентирани погатоци од историското минато на регионот Дебрца, првата ослободена територија во Втората светска војна.

Во Црвена Вода, мештаните им приредија карактеристична селска трпеза од македонски специјалитети, а за писателот Николески им говореше претседателот на Месната заедница и потомок на славниот детски автор, Војдин Николески.

Учесници на кампот беа млади поетски надежи од Македонија, Србија и Албанија – со физичко присуство, уште и од  Бугарија, и  од Босна и Херцеговина – Република Српска и Грција – виртуелно.

 

Веле Митаноски