Во текот на вчерашниот ден (19.10.2021) полициските службеници во Охрид извршиле контрола на 47 моторни возила во Охрид кои вршат јавен превоз на патници при што не биле затекнати возила кои вршат нелегален јавен превоз, информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Контролите биле извршени во периодот од 8-12 часот. Од контролораните возила во Охрид, 12 биле упатени во станица за технички преглед.
Сообраќајни контроли вчера биле извршени и во Струга на 40 возила кои вршат јавен превоз.
13 возила во Струга беа упатени во станица за технички преглед, а технички недостатоци беа константирани кај пет возила. При контролите затекнати се девет неправилно паркирани моторни возила кои беа подигнати со специјално возило „пајак“, додава Димоски.
Како што велат од СВР Охрид, целта на контролите е зголемување на сообраќајната безбедност на патиштата.
OhridNews












