На 23.09.2026 во СВР Охрид, од Итна медицинска помош било пријавено дека во болницата „Св.Еразмо“ со тешки телесни повреди било пренесено 52-годишно лице од Охрид.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи во објект во изградба за правно лице од Струга, информираат од СВР Охрид.

Посочуваат дека увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Охрид и трудов инспектор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

OhridNews