На 19.08.2022 во 22.55 часот било пријавено дека во Охрид на ул. „Јане Сандански“ патничко моторно возило “цитроен“ со српски национални ознаки управувано од 48 годишно лице од Србија удрило во 54 годишно лице од Скопје, информираат од СВР Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 54 годишната жена констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












