Од министерството за внатрешни работи информираат дека во вчерашната семејна расправија што се случи во 17.15 часот, учествувале две лица, на возраст од 55-години и 60 години, кои биле во роднински врски. Откако дошло до меѓусебна расправија, 55-годишното лице со нож го прободел роднината во пределот на раката и главата.

Повредениот бил пренесен во охридската Општа болница, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Клиничкиот центар-Скопје.

Другото лице е приведено во СВР-Охрид.

OhridNews