Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2012 година, 58.3% оддомаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е за 3.3 процентни поени повеќе во споредба соистиот период од 2011 година. Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број надомаќинства е зголемено од 42.1% во 2011 година, на 58.1% во 2012 година.
Во набљудуваниот период, најзастапено поврзување на интернет, кај 99.6% од домаќинствата со интернет-пристап, е широкопојасното поврзување кое вклучува: фиксно жично (кабел, фибер, Ethernet, PLC итн.), фикснобезжично (сателит, јавен WiFi, WiMax) и мобилно поврзување на интернет (најмалку 3G телефон – UMTS илинајмалку 3G модем – USB/картичка за лаптоп).
Во првото тримесечје од 2012 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, мобилен телефонкористеле 68.4%, компјутер користеле 59.9%, а интернет користеле 57.5%. Интернет најмногу користелеучениците и студентите, односно 96.4%. Најчесто, 74.7% од корисниците на интернет во последните 3 месеци,
користеле интернет за телефонирање или за видео повици преку веб-камера (webcam).