Од министерството за внатрешни работи информираат дека во изминатите 24 часа регистрирани се 585 прекршоци поради не почитување на мерката за носење лична заштита на лице.

Во текот на изминатото деноноќие (31.05/01.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 186 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

OhridNews