Во недела „Збогум Буково” во соработка со „Здружение на лица со дијабет, Охрид”, Уметничка едукативна академија „СЈАЈ” и „Ретко е да си редок” организираат настан со цел подигање на свеста за потребата од рано откривање на ракот на дојката и континуираната и постојана контрола.
Со „5К надеж”, поддршка и љубов испраќаме порака дека ниту една жена не е сама во борбата со ракот на дојка. Вклучете се, прошетајте, трчајте или едноставно присуствувајте и подржете. Секој чекор значи повеќе свесност, повеќе превенција и повеќе животи спасени, велат организаторите.
Настанот ќе започне во 10 часот на мостот кај Езерската полиција.
OhridNews












