На денешен ден пред 6 години, во предвечерјето на големиот празник на патронот и заштитник на Охрид, Свети Климент Охридски, со работа отпочна Првиот електронски весник во Македонија „www.ohridnews.com“ и најави нова ера во информирањето кај нас. Денес Интернетот е прв извор на информации во светот и по значење и обем ги надминува сите останати медиуми.

OhridNews, кој одамна ги надмина локалните и регионални рамки, дневно има до 20.000 уникатни посети, над 65.000 прочитани содржини, и речиси 10.000 фанови на Facebook. Месечно најчитаниот интернет медиум во поширокиот регион остварува близу половина милион уникатни посети, а бројот на прочитани содржини месечно надминува  еден милион. За 6 години постоење OhridNews има објавено речиси 50.000 информации, кои го привлекле вниманието на над 17 милиони посетители од сите страни на светот.

OhridNews во изминатите шест години покрај висок професионализам по кој е препознатлив, покажа и висока општествена одговорност поддржувајќи бројни хуманитарни проекти, спортски и културни настани. Реализираше проекти од областа на животната средина, помагаше иницијативи на невладиниот сектор.

Посебно горди не прави високата доверба која ја уживаме од Вас почитувани читатели, кои будно не следите од самиот почеток поддржувајќи не во развојот, но и укажувајќи ни на пропустите и грешките. И натаму ќе продолжиме да Ве информираме објективно и навремено за сите случувања од интерес за јавноста, доследно почитувајќи ги новинарските стандарди и етички норми. Наскоро најдобриот информативен сервис во поширокиот регион подготвува повеќе содржински освежувања, кои веруваме ќе ги оправдаат очекувањата на читателите.

Ви благодариме што шест години сме Ваш прв избор.

OhridNews